Достава / tennis-shop.mk

Достава

« Назад

Услови на достава

Откако ја потврдивте нарачката на производите, нарачката влегува во процес на обработка.

Рок на испорака

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е 3 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 9 до 19 часот во текот на неделата и сабота од 9 до 14 часот. 

Превземање на пратки

Курирските служби Total Post Logistics и Kargo Express(екстерни фирми кои ја вршат доставата за нас) пратките ги доставуваат на адресата за испорака со следното работно време и тоа: Total Post Logistics секој работен ден од 8 до 16 часот и сабота од 9 до 14 часот, а Kargo Express од Понеделник до Петок - 09:00ч – 17:00ч и Сабота – 09:00-14:00ч. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот број 02/3067-075 или по пат на e-mail [email protected]. Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.

Цена на Испорака

Доставата е бесплатна за сите нарачки чија вредност е над 1500 ден. За сите нарачки чија вредност е под 1500 ден. доставата изнесува 150 ден. и трошокот ќе биде наведен на фактурата. Доколку нарачката ја плаќате со платежна картичка за време на купувањето во нашата online продавница во вкупниот износ на нарачката ќе биде пресметан и трошокот за достава, така што немате потреба да ја платите доставата на курирската служба при достава.

НАПОМЕНА: Со потврда на нарачката и кликнување на ПОТВРДИ ЈА НАРАЧКАТА, се согласувате со условите за достава.

Напомена

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите за испорака.